Анабела и Андреј Атијас минатата недела отпатуваа за Париз со ќерката Бланкица за да го прослават нејзиниот роденден, а со себе ја зедоа и ќерката на Анабела од првиот прак, Нина, која до неодамна живееше кај татко и Гаги Џогани. Поради оваа ситуација Гаги е очаен, особено поради фактот што Анабела не го известила дека неговата ќерка ќе оди надвор од земјата, а дека е на пат дознал преку „Инстаграм“ каде пејачката се пофали дека ужива со најмилите.
Анабела ја однесе Нина во Париз, а мене ништо не ми кажа. Јас за неа сум никој, таа се однесува како децата да не се мои. Знае дека не и треба моја согласност, па тоа го користи и децата ги носи каде ќе стаса, а мене не ме известува. Има целосно старателство над нив и се сама прави, а како и е фрка, тогаш ме користи и добар сум и за се. Децата ми ги зема на измама, рече Гаги за српски „Свет“.
Исто така се пожали и дека Анабела цело време го плука и понижува, но тој молчи и не ги открива нејзините тајни затоа што е мајка на неговите ќерки и не сака да и наштети.
Кога би прозборел за Анабела и нашиот брак, таа за три часа ќе ги спакува куферите и ќе избега во Босна. Имам јас многу што да кажам, но никогаш нема да го направам тоа поради ќерките. Навистина ги сакам и внимавам на нив. Никогаш нема да ја понижам нивната мајка, иако таа мене ми го прави тоа каде и да стигне, заклучи Гаги.