|
Српската пејачка Анабела Атијас пред осум месеци стана баба откако нејзината ќерка Луна Џогани ја доби ќерката Миа.
Таа е млада баба исто како и Цеца, но вели не планира да се откаже од својот стил на облекување и однесувањето на сцена.
-Во последно време сум постојано во некои пантолони и одела, нешто поопуштено облечена, но треба да пејам, да бидам на сцена. Не ми е лесно со естрадното облекување сега бидејќи веднаш сум мета на критики. Коментираат „види ја, има ќерки, како полудена баба е“. Но, мене тоа не ми пречи бидејќи знам дека ги нервира што имам витка линија, признава Анабела.
Како што вели, жали што нема дозвола достоинствено да старее, бидејќи често народот ја критикува.