АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: Екстремно ниските температури во САД го носат индијанското лето кај нас

|

Кривец за индијанското лето кај нас кое условува многу високи температури на воздухот за овој дел од годината е поларниот воздух кој од Арктикот се спушта кон САД и условува МНОГУ НИСКИ температури на воздухот но и снег. Таму температурите на воздухот веќе во одредени места паѓаат и под -10 степени додека кај нас во Македонија речиси насекаде температурите на воздухот се искачуваат над 20 степени а во централните а особено во југоисточните предели од државава дури и до 30 степени.

Кај нас и понатаму во следните денови под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено локално ќе има и умерена облачност а само во петок и во сабота има услови за сосема локален и многу слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец додека во утринските и раните претпладневни часови по одделни котлини ќе има услови за сосдавање на магла и на ниска облачност. Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

НАПОМЕНА: СУШНИОТ ПЕРИОД ОСОБЕНО ЛОШО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОСЕВИ И КУЛТУРИ.