Анастасија била заљубена во професор – Ќерката на Цеца искрено одговори на прашањата

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ им признала се на своите фанови.

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ со своите следбеници на социјалните мрежи сподели видео во кое ја игра играта „Јас никогаш“ во која искрено одговараше на поставените прашања.

Оваа игра се состои од одговарање на прашањето со „Јас сум“ или „Не сум“, а некои од одговорите ги изненадија оние кои ја следат Анастасија.

Ражнатовиќ признала дека била заљубена во професор.

Анастасија открила и дека била исфрлена од собата во која била, без разлика дали тоа е ресторан или приватен простор, дека го изгубила телефонот и никогаш повеќе не го нашла, како и дека случајно влегла во погрешен автомобил.