Анастасија Деа Богданоска и Богдан Илиевски ќе станат родители

ИЗВОРНов лист
|

Водителката Анастасија Деа Богданоска на Инстаграм сподели убава вест. Таа и Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, ќе станат родители.

„Растеме“ стои под фотографијата на која Анастасија позира во црвен фустан истакнувајќи го нејзиниот труднички стомак, а во коментарите се редат честитки и позитивни зборови.

Двајцата се заедно неколку години и на почетокот ја криеа својата врска од јавноста, а открија дека ги запознал заеднички пријател.

Се шпекулира дека среќниот пар наскоро ќе застане и пред олтарот. Инаку Анастасија е водителка на утринската програма во телевизијата Алфа, а едно време беше и главен и одговорен уредник во телевизијата.