Анастасија Деа покажа како ужива максимално и во втората бременост

|

Убавата водителка Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски го чекаат своето второ дете. Анастасија ужива во својата втора бременост, а на социјалните мрежи знае да објави и по некоја фотографија.

Овој пат во кусите приказни на „Инстаграм“ Деа објави фотографија и го покажа нараснатото трудничко стомаче, а друштво и прави нејзината ќеркичка Дениција.

Како и во првата бременост, Анастасија и сега на агендата на своите дневни активности го има проектот „направи сам“. Вредната водителка и сега продолжува да создава нешто свое за во домот, а овојпат дизајнираше за нејзината ќеркичка Дениција.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ се пофали дека од јакната на ќеркичката дизајнирала интересен модел.

– Моите омилени направи сам проекти. Неверојатно е каква трансформација може да направи промената на копчиња. Мене ова ми е најбрз и најлесен начин од нешто што е досадно и секојдневно да ги направам да изгледа забавно и необично. И најважно од се: Дениција одобри. А јас никогаш сум немала подобар модел, напиша водителката.