Анастасија, ќерката на Наум Петрески, ужива во бременоста (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена, а тоа се познава дури и по самиот изглед, не за џабе се рекло дека трудниците имаат некој посебен сјај и се едноставно неодоливи.

Анастасија Петреска ќерката на познатиот македонски пејач Наум Петрески неодамна откри дека го чека своето прво дека заедно со својот избраник Владимир. Анастасија се сврши со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого е во врска две години, но тие велат нема да прават класична свадба туку забава откако ќе се роди ќерката. Бебето треба да се роди во март и можно е забавата да биде двојна- и венчавка и крштевка, велат пријатели на двојката.

Од последните фотографии може да се забележи дека Анастасија навистија сјае и ужива во овие труднички денови заедно со својот сакан.

И дедо Наум е пресреќен за оваа вест па изјави дека воопшти не му било битно дали ќе се роди внук или внука, но е пресреќен што сепак ќе добијат мало девојче кое ќе биде убаво на мама.

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Петрески.

Автор: Н.Ј.