Анастасија покажа дел од својот дуплекс – Погледнете во каков луксуз живее со своето момче

ИЗВОРНов Лист
|

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, конечно покажа дел од домот во кој деновиве живее со своето момче.

Нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.

„Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и изградиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат“, изјави неодамна извор за медиумите.

Сега Анастасија, подготвена за излегување – во црни чизми и кожни панталони, позираше во ходникот и покажа дрвени панели и плакари од подот до таван, како и скапи подни плочки.