Анастасија Ражнатовиќ овде се пресели откако се раздели со момчето – еве што ќе се случи со станот во кој живееа

|

Ѓорѓе Куљиќ е богато момче кого патувањата го споија и со пејачката Анастасија. Сега по пет години врска тие решија да се разделат.

Пејачката откако се разделија се исели од луксузниот стан кој е вреден 700 илјади евра во кој пред неколку месеци започнаа заеднички живот, а сега остана да живее сам Ѓорѓе.

Наследничката на Цеца нема да го продолжи животот во луксузниот дуплекс во центарот на Белград, туку по раскинувањето со Ѓорѓе се враќа во вилата на нејзината мајка на Дедиње, од каде пак неодамна се исели Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ.