Во домот на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ за време на празничниот период беше доста весело.
Цеца го собра друштвото, намести трпеза и направи атмосфера со која нејзината ќерка се пофали на социјалните мрежи.
Заедно беа пријателите на мама Цеца, но и оние на нејзините деца. Имено, меѓу присутните беше и нивниот стилист Стеван, кој како да живее во вилата и е постојано со нив.
За да направи да биде поинтересно и секако да биде во центарот на вниманието на медиумите, тој ја побара раката на Анастасија со огромен прстен, а таа му кажа „да“, секако на шега.
Нема сомнеж дека друштвото одлично се забавуваше, а дали со ова Анастасија даде знак дека е подготвена за мажење, времето ќе покаже.