Анастасија Ражнатовиќ првиот настап во кариерата го одржа во Париз, а сега на сите им соопшти дека го соборила рекордот што досега го држеше нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
– Здраво драги мои! Еве да соопштам откако ќе ми стивнат малку впечатоците. Најпрво би сакала да им се заблагодарам на сите што беа присутни, и за ова прекрасно искуство и за мене феноменална вечер полна со позитивна енергија! – изјави таа.
– Многу ми е драго што можам да ви кажам дека го срушивме рекордот на клубот кој до неодамна ни помалку ни повеќе го држеше Цеца Ражнатовиќ! Како што реков на настапот: „Да остане во кругот на семејството!“. Сè на сè, продолжуваме уште посилни и подобри! Благодарност до сите мои соработници и пријатели кои придонесоа се да изгледа совршено! Без вас не би било исто – напишала подоцна Анастасија.
– Мајка ми 500 пати ми повтори: „Опушти се колку што можеш, биди своја разговарај, забавувај се, комуницирај со публиката“, изјави неодамна Анастасија.