Анастасија започнува заеднички живот со момчето – Се пресели во нов стан (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Најверојатно ќерката на Цеца се одлучила на заеднички живот со својот партнер Ѓорѓе.

Ќерката на фолк дивата, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, одлучи да започне заеднички живот со својот дечко Ѓорѓе Кулиќ.

Имено, нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ на големо планира свадба со Богдана Родиќ, па не е исклучено дека и тој брачниот живот ќе го продолжи надвор од семејниот дом, па така вилата во која живееа долги години ќе остане речиси празна.

Парот ќе живее во една зграда, а дали на Анастасија ќе и се допадне ова во замена за грандиозната вила, останува да видиме.

Инаку, таа пред неколку дена го прослави 21 роденден. По овој повод, српската ѕвезда подготви голема гала забава, на која присуствуваа неколку стотици гости.

Фоторепортерите и камерите не се тргаа од пред ресторанот во Белград каде вчеравечер ќерката на Цеца го прослави 21-от роденден. Естрадата се собра на едно место, а српската ѕвезда покани неколку стотици гости.

„Сите што ги сакам се тука, фали само татко ми“, рече во изјава за „Пинк“ Анастасија.

Погледнете дел од атмосферата и гостите во продолжение: