Андрија Милошевиќ неодамна со својата избраничка Александра Томиќ го доби синот Рељ, а сега првпат зборува за тоа како се справува со бебето.
– Одлично ми оди, бев подготвен за тоа. Нема врска, имам 43 години. Се чувствувам одлично. Спиеш нормално, колку што можеш во моментот, но тоа не ми е товар. Ниту пак ми промени нешто. И јас не се плашам – искрено изјави актерот во емисијата „Премиера“.
Андрија го прослави раѓањето на синот со најблиските членови на семејството и пријателите во еден белградски ресторан.
– Имаме таков однос кон животот, што славиме секој ден. Ова беше најубавата прилика, фантастична прилика, и беше прекрасно – рече Милошевиќ.