Адријана Алачки ужива во игрите со својата внука Јана, која има неполни четири години. „ Таа знае како да ми го направи денот убав“- напиша Алачки под фотографијата од Зоолошка, со нејзината внука.
Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.
„Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави таа во интервју за Женски магазин.
Адријана Алачки е македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Тодоровска и Бади Бекир. До 2011 година Андријана беше во брак со Горан Алачки со кого има две деца. Во 2011 година Адријана започна со емитување на своја кулинарска емисија наречена „Вкусот на традицијата“, која се емитува на ТВ Алфа.