Загреб е дестинацијата која што се почесто ја посетува пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. Причината за посетите е професионална, а како што откри неодамна во медиумите, Јаневска работи на нова песна на хрватски јазик.
Деновиве таа повторно е во Хрватска од каде на своите следбеници им прати поздрав преку социјалната мрежа Инстаграм. Но, најголемо внимание привлече нејзината фотографија со познатиот пензионер, дедо Тони за кого слушнаа сите откако во една анкета изјави: „Вежбај пи**а ти материна“.
Случајната средба Андријана ја овековечи со фотографија за спомен, а во описот напиша дека се изназбореле со „дида Тони“.
Дотеран, насмеан и секако расположен за фотографија, а секако најмногу за разговор со така убава дама.
Вистина.мк