Андријана Јаневска деновиве престојува во Загреб–Хрватска.
Таму не отиде приватно како турист, туку работно за да го снима својот најнов спот кој го најави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Навикнати сме Јаневска да ја гледаме во изданија без многу нагласен сексапил, но овој пат таа пред следбениците покажа едно спосема поинакво модно светло.
Облечена во ултра кус сив фустан, надополнет со високи чизми. Андријата важи за една од најзгодните познати дами во земјава, а само прекрстената гола нога ја нагласи нејзината провокативност.
„Одлично ти прилега стилот“, гласи еден од коментарите кои стојат за фотографијата, а ги имаше доста претежно со комплименти.