Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска како по некоја традиција, секое лето редовно објавува фотографии од дестинацијата на нејзиниот семеен летен одмор, но со фокус во нејзиното тело. Од ваква или таква перспектива, тоа што Јаневска е една од најзгодните познати мајки, не може да не се забележи.
Овие топли летни денови, пејачката ужива на плажа во Охрид, а хедонизмот кон македонскиот бисер, им го покажа на следбениците на Инстаграм преку неколку фотографии кои ги направил нејзиниот сопруг – гитаристот Драган Гиновски- Гино.
Најпрвин долгите нозе ги окри во куси панталончиња, потоа позираше до половина во вода, покрај брегот, во еден костим за капење, втор, трет…
Андријана за приложеното ги собра сите пофалби за изгледот, а особено позитивно ја изненади коментарот на нејзината колешка Мијата која и порача:
-Со вакво тело не знам кој друг од естрадава може да се пофали! Напред сестро! Коментираше Мијата, додека Андријана остави „задчуден“ симбол.
Мора да се признае дека иако е мајка на две дечиња, таа изгледа совршено особено нејзините долги и тенки нозе како на манекенка, а коментарот на Мијата „држи место“!
Вистина.мк