|
Македонската фолк-пејачка Анета Мицевска се разведува од својот сопруг Џими Мицевски, по 22 години брак.
Како што пренесува „Свет Аустралија“ нивната разделба е спогодбена, но парот и понатаму професионално функционира и соработува.
Менувањето на името на Фејсбук групата која до пред извесно време била група „Молика“, од неодамна е променето со име на пејачката Анета Мицевска, со постирање на одбрани песни чии автор не е сопругот Џими или близок до групата „Молика”.
Анета и Џими две децении се во брак. Заедно ја имаат ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.