Анета Наковска: Првпат ме бакна во авион, по девет дена ме запроси

ИЗВОРСкопје24
|

Анета Наковска која повеќе од три години е во брак со бизнисменот Спиро Крлевски конечно проговори за љубовниот живот во медиумите. Во емисијата на нејзиниот колега и пријател Драган Вучиќ, познатата фолк-пејачка откри интересни детали од приватноста.

– Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена – раскажа Наковска.

Таа со нејзиниот партнер веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Во една прилика откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.

– Мојот маж заедно со Љупчо Димоски се потпишува како сценарист и режисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации. Му ветив дека отсега ќе биде задолжен за визуализирање на сите мои наредни проекти – откри пејачката.

Во истото интервју изјави дека конечно го нашла човекот со кого посакува да се реализира како мајка.

– Таа зрелост и кај мене пристигна, да бидам искрена, малку подоцна, но веројатно сум го чекала вистинскиот партнер, мажот со кого посакувам да остарам – раскажа Наковска.