Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од местото на пожарот во Тетово инфомираше дека добиени се хеликоптери од МВР со чија помош се истури вода на објектите од „Македонија Табак“ каде има пожар од 9.30 часот утринава.
Се уште се работи на локализирање на пожарот и истиот до овој момент не е ставен под контрола.
-Во Тетово утрово имавме појава на голем пожар кој се уште не е локализиран. Се работи за фабрика во која што меѓу другото има картони, гипс картони и други материјали, па бидејќи постои опа сност од загадување на воздухот побаравме да биде извршена анализа на воздухот, на квалитетот на воздухот за да провериме дали здравјето на граѓаните е загрозено. Се уште чекаме информации, почетните информации се дека нема от ровни гасови што би биле непосредно загрозувачки бидејќи ние стоиме во непосредна близина. Доколку гасовите се отр овни, ние не би можеле да стоиме овде, но тоа не значи дека овие гасови не можат да бидат штетни, изјави Ангелов.
Од страна на ЦУК се активирани сите надлежни институции.
– Имаше прашања зошто порано не сме дејствувале со пожар, не дејствуваме пред се поради две причини бидејќи објектот има покрив, а под покривот има плоча. Колку и да фрла хеликоптерот вода, водата не може да продре преку покривот и плочата. Хеликоптерот го употребивме тогаш кога проценивме дека може да помогне во сечење на линијата на пожарот за да продолжи неговото ширење. На одредено растојание околу стотина метри од местото каде што е пожарот наверојатно има садови со екс плозив, со експ лозивни гаосви, односно плин или други деривати на плинот. Наша цел е пожарот да го прекинеме неговото ширење и сметам дека тоа веќе успешно се прави, потенцира Ангелов.
На местото на пожарот командува командирот на ТПЕ од Тетово и целата координација се одвива со него, соопшти директорот. Според него хеликоптерот е ангажиран по барање на тетовската пожарна.
Стојанче Ангелов вели дека побрзи сме од американците во справување со пожари.
– Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас, рече Стојанче Анегелов денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.
-Инаку фрлање на вода од хеликоптер директно врз оганот додека тој беснее може на ваков пожар да направи контра ефекти и уште повеќе да го разгори, односно да го рашири пламенот на соседните згради. Затоа хеликоптерот исклучително прецизно беше употребен за сечење на пожарот, рече Ангелов.
Покрај ТПЕ од Тетово има цистерни од Скопје, Гостивар и по потреба од друг градови. Воедно побарана е поддршка и од АРМ.
-Покрај вој ниците од тетовската касарна на пат кон Тетово е и тимот од радиолошко хемиска биолошка заштита, кои можат да направат едно првично испитување на воздухот, но воедно од страна на ЦУК се упатени барања до врвни стручњаци и институции коишто ќе направат детална анализа на воздухот, изјави Ангелов.