Антониа Гиговска и Иван Јованов се новата македонска музичка љубовна двојка. Пејачката и вокалистот на „Либеро бенд“ однеодамна јавно ја обзнанија својата врска, па „вљубените билбили“ решија да заминат заедно и на летување… Малку Охрид, малку на море, на Егејот!
Во меѓувреме, „Либеро бенд“ само што го промовираа новото видео и песната со наслов „1001“, чии стихови од рефренот како совршено да се вклопија во она што може да се види на последната споделена фотографија од кампот на „вљубените славејчиња“.
Играњето карти е вообичаена летна забава, па пејачката двојка седна да одигра една партија. Арно ама, наивниот Иван по се изгледа не ја сфати „играта меѓу редови“, што итрата Антониа му ја намести, без тој да осети дека е… наместен!
Имено, „либеро пејачот“ никако да сфати зошто постојано губи и како тоа, таа му го знае секој негов потег однапред? Како да му ги чита мислите?!
А итрата Гиговска, всушност и му ги чита… Ама не мислите, туку картите! Како? Многу едноставно. Му ги дала шапката и своите очила за сонце нему, божем нејзе и пречат додека играат, па откако овој ги ставил на себе, во стаклата му се огледуваат сите карти и… Итрата Антониа, правејќи се невино – наивна до „сто и една“, море до „илјада и една“ и назад, стално знае што да одигра и постојано победува!
Првата од нејзините „илјада и една намера“ успешно и помина… Останува само да видиме дали после ова пејачот ќе сфати дека кај жените игра… „некој петти кец“?!
Извор: vistina.com.mk