Антониа повторно предизвика и солзи и овации – Погледнете го нејзиниот настап во „Пинкови ѕвездички“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Со голем аплауз и овации, како од жирито, така и од публиката, беше поздравен и овој настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во „Пинкови ѕвездички“. Младата скопјанка го помина и овој круг од музичкото натпреварување, а пофалбите и донесоа и сози на очите.

Гиговска овојпат ја пееше „Writing’s on the wall“, песната која ја испеа Сем Смит за последниот Бонд филм.

Своите црвени столчиња веднаш ги подигнаа Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набрзо тоа го направија и Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац. Тие за време на целиот настап извикуваа пофални зборови на сметка на Антониа.

Младата Антониа и минатиот петок заблеска на сцената на музичкото натпреварува и тогаш таа се одлучи за песната „11“, која во оригинал ја изведува евровизиската победничка Марија Шерифовиќ.

За време на целиот настап жирито аплаудираше и се воодушевуваше, а на крајот некои членови од жирито дури и се поклонија.

-Мислам дека Марија Шерифовиќ, која секогаш за себе говори дека е најдобра пејачка што е и точно, ќе биде горда кога ќе те слушне тебе, кога ќе ја слушне изведбата на оваа песна, искоментира Кристина Коцкар.

Во продолжение погледнете го настапот на Антониа, веруваме дека ќе уживате еднакво како и жирито и публиката на ова музичко натпреварување.