“Апартманот е речиси комплетиран”: По плочките и кадата, нуркачи пронајдоа и бојлер во Охридското езеро

ИЗВОРСкопје24
|

Откако на дното на Охридското езеро беше пронајдена стара када, а потоа и градежен шут и куќни елементи, деновиве кај Трпејца, нуркачите од “Акватек” пронашле и стар бојлер на езерското дно.

“Апартманот е скоро комплетиран, само уште неколку елементи”, напишал нуркачот Никола Паскали на официјалната Фејсбук страница и додал дека бојлерот бил пронајден кај местото На Дол, на длабочина од 5 метри.

БОЈЛЕРОТАпартманот е скоро комплетиран, само уште неколку елементи…Локација село Трпејца кај местото викано На Дол, длабочина 5 метри на околу 10 метри од брегот…Никола Паскали

Gepostet von Diving Center Akvatek am Mittwoch, 14. August 2019