ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги замолува граѓаните рационално да ја употребуваат и користат водата. Да не се полеваат големи површини и да не се троши непотребно водата во летниот период.
Заради заштита на системот за водоснабдување се спроведуваат акции за исклучување на диви приклучоци. Воедно, се апелира граѓаните регуларно и редовно да ги подмируваат своите сметки кон претпријатието.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетуват дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на целиот систем за водоснабдување.
Со закон се забранети дивите приклучоци и истите се нотираат од страна на овластен комунален инспектор на општината или Градот, врз основа на што за сите утврдени диви приклучоциќе биде покрената соодветна постапка за стореното дело.