Апел за помош на Леонид: По несреќата во Грција потребни му се средства за долго и скапо лекување

|

Леонид Индов е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди, по што беше опериран и му претстои долготрајно и скапо лекување. Со цел собирање на потребните средства во недела, 27.08, сите на кафе во Бифе, да собираме пари за помош на Леонид Индов.

Кафето ќе го платите така што ќе завртите на телефоните за донација:
А1 – 143 500
Телеком – 143 118

Музика ќе пуштаат неколку диџеи, ќе се видиме, дружиме малку, ќе биде убаво и што е најважно, ќе му помогнеме на Лео во ситуацијата во која се најде.
Ве сакаме и ве чекаме ❤, стои во постот објавен на Фејсбук.