Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ пукале во четирите момчиња и рибарот крај смилковското езеро во теро ристички акт 2012-тата година.
Според објавената пресуда на сајтот на Апелациониот суд, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат доживотните казни за тројцата извршители и двете затворски казни за Хаки Азири и Фејзи Азири за помагање изречени од кривичниот суд.
Апелациониот суд потврди дека шестообвинетиот Сами Љута се ослободува од обвинение. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО.
Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи. По убист вото, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и сега со правосилснот на пресдуата не постои пречка за косовските власти да постапат по барањето на Македонија за екстрадиција на бегалците од правдата.