Април е месецот кој ни ја носи пролетта, а со тоа и доброто расположение и позитивната енергија.
Во него особено ќе уживаат три хороскопски знаци.
Овен
Овој месец почнува со Сонцето во вашиот знак и вашата роденденска сезона, па така доаѓа и до исполнување на вашите желби. Ова е и почеток на астролошката година, па затоа и ќе чувствувате силна позитивна енергија, креативност и самодоверба. Како што ќе ги славите своите добри страни, ќе научите да ги прифатите и своите слабости, бидејќи тоа што сте несовршени значи дека сте убави, такви какви што сте. Уживајте во следните неколку недели.
Бик
Како што почнува месецот, Сонцето ќе престојува во вашата дванесетта куќа помагајќи ви да оставите некои лоши ситуации и навики зад себе и да се подготвите за својата роденденска сезона. Пред да дојдете до тоа, потребно ви е да погледнете во себе и да се соочите со емоциите кои долго време ги потиснувавте. Дозволете си да чувствувате силно и не се плашете од она што ќе излезе на површина. Само така ќе успеете да се подготвите за нови почетоци, со нова енергија.
Риби
Вашата роденденска сезона е зад вас, но тоа не значи дека забавата е завршена. Овој месец ви носи многу убави моменти, бидејќи повеќе планети се во вашиот знак. Самодовербата ќе ви биде на високо ниво, а така ќе привлекувате различни луѓе покрај себе и постојано ќе бидете инспирирани да направите некаква промена. Споделете ја својата вистина со другите.