Според предвидувањата на астролозите, април ќе биде прилично тежок период од финансиски аспект. Сите знаци ќе мора да бидат внимателни на работа, но и во поглед на финансиите бидејќи само мало невнимание може да предизвика сериозни проблеми. Во продолжение прочитајте го финансискиот хороскоп за април за сите хороскопски знаци.
Овен
Најдобро би било на почетокот на месецот да се одложат сите закажани деловни преговори за поповолен период, но и исплатите исто така. Ако и покрај сè одлучите да ризикувате, сигурно ќе се соочите со загуби. Од 15 април ќе започне подобар период за вашиот знак, а тоа ќе значи и
сигурна реализација на вашите планови. Ве очекуваат поволни понуди за соработка и проширување на бизнисот особено доколку се занимавате со финансии, транспорт и трговија.
Бик
Неопходно е во овој период да ги проанализирате вашите бизнис партнерства и да го раскинете договорот со оние кои не ви носат заработка. Време е да најдете нови инвеститори. На полето на кариерата работите нема да се одвиваат баш најдобро, особено доколку се занимавате со туризам или маркетинг. Добро би било да почнете да размислувате за промена на работното место.
Близнаци
Од 3 април ќе настапи стагнација во бизнисот, вашите претпоставени нема да бидат заинтересирани за вашите идеи, а ќе се појават и проблеми во соработката со бизнис партнерите. Од 10 април ќе почнат да се подобруваат работите како резултат на новите, креативни идеи.
Рак
Во наредниот период ве очекуваат многу обврски – ќе работите на нови проекти и притоа ќе го искористите своето знаење и искуство за да добиете финансиска поддршка од партнерите. Постои ризик од непромислени потези затоа внимавајте и навремено испланирајте ги сите активности. Постои можност долгорочните проекти да бидат суспендирани поради несогласување со партнерите, па затоа обидете се најдете компромис за да ги избегнете санкциите кои ќе настапат со раскинување на договорот.
Лав
Пред да аплицирате за нова работа или да започнете нов проект, треба добро да се организирате, да се консултирате со некој кој веќе има искуство со цел да ги спречите можните ризици. Во средината на април положбата на планетите нема поволно да влијае врз вашата потрага по работа, и новите бизнис идеи. Тоа време можете да го искористите за да анализирате што е сработено и да извлечете заклучоци и поуки.
Девица
Април не е идеален период за започнување нови работи, но тоа не значи дека работните обврски мора да бидат прекинати. Доволно е да ги пренасочите напорите во друга насока. Анализирајте ги проектите кои се во тек од друга перспектива, направете одредени промени. Можеби на тој начин ќе откриете каде сте погрешиле. Нови бизнис потфати ве очекуваат дури во мај.
Вага
Ќе постигнете голем напредок доколку работите во областа на финансиите. Ве очекува период на големи успеси и мотивација само доколку работите напорно и не ги одложувате обврските за подоцна. Можат да се појават проблеми во однос на вашиот буџет но ќе ги решите брзо и лесно, а за сите одлуки слободно повикајте се на сопствената интуиција. Згора на тоа, ако пријателите ви понудат помош, не одбивајте ја.
Скорпија
Април нема да биде поволен во поглед на вашиот кариерен развој. Сепак, бидете трпеливи бидејќи кога-тогаш работите ќе си дојдат на место. Добра вест е дека ќе бидете успешни во преговорите на работа и откако ќе ја надминете неодлучноста сè ќе се смени на подобро. Знаете дека среќата ги следи храбрите па така колегите и надредените ќе ги поддржат вашите идеи.
Стрелец
Во април нема да имате никакви финансиски проблеми бидејќи сè ќе се одвива во најдобар ред. Познанствата со вистинските луѓе ќе ви помогнат да ја промовирате вашата идеја на која моментално работите. Сепак, не очекувајте високи бонуси. Обидете се да носите одлуки трезвено и рационално. Во спротивно можете да наидете на проблеми.
Јарец
На работа сè ќе биде како што треба, но внимавајте да не се опуштите премногу. Непромисленото трошење може да ви предизвика проблеми и згора на тоа, во овој период нема да имате дополнителни приходи. Обидете се со сите ваши сили да му ставите крај на нагонот за непотребни трошоци. Оваа ситуација ќе се смири кон крајот на месецот, кога ќе имате можност да ги подобрите вашите вештини.
Водолија
Во текот на април нема да има големи промени во поглед на кариерата. Но, доколку сега ја зацврстите својата позиција, претпоставените ќе ги забележат вашите напори и ќе ве наградат во блиска иднина. За таа цел, посетувајте курсеви и инвестирајте во вашето знаење и вештини. Сепак, внимавајте на финансиите бидејќи месечните трошоци ги надминуваат приходите.
Риби
Трудот што го вложивте досега ќе ви донесе бонус или унапредување, но и дополнителни обврски. Можеби ќе ви се чини тешко и напорно, но можете да се справите. Доволно е да верувате во себе и во своите способности. Квалитетот и упорноста ќе ви донесат нови успеси. Не пропуштајте ја можноста да заработите дополнителни приходи иако финансиите ви се стабилни