|
Во периодот од 13.30 до 16.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар, на улицата 18 Ноември, булеварот Браќа Ѓиновски, улицата ЈНА и на улицата Борче Велјановски во Гостивар ги лишиле од слобода Е. А. (19), Л. Х. (20), З. А. (20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.