Арбенита Исмајли го освојува модниот свет. 21-годишната девојка, која е родена во Македонија, моментално соработува со бројни врвни брендови и полека, но сигурно, се искачува на скалилата до успехот.
Убавиот модел по потекло е од Косово, но е родена во Куманово, а се школувала во Скопје. Таа соработува со реномираната агенција за модели „Elite Model Management“ и редовно е ангажирана за рекламни кампањи и музички видеозаписи.