Архитектонско чудо од камчиња: Идеалната палата привлекува 120.000 посетители секоја година

ИЗВОРСкопје24
|

По 34 години, околу 65.000 часа работа, и секојдневно собирање камења на својот пат, Шевал го остварил својот сон и сам изградил неверојатно архитектонско ремек дело.

Кога поштарот Фердинанд Шевал во 1879-та година се сопнал од камен, веројатно не се ни сомневал дека таа наизглед сосема обична незгода во целост ќе му го промени животот. Од тој момент, секој ден во текот на наредните 34 години, Шевал собирал камчиња додека разнесувал пошта, па со нив почнал да гради куќа.

На крајот изградил масивна палата од камења која го привлекла вниманието на уметниците меѓу кои и Пабло Пикасо, а сега ја поздравуваат околу 120.000 посетители годишно.

Шевал го напуштил училиштето кога имал 13 години, се оженил и се вработил како поштар во град во Франција. Во 1879-та, додека разнесувал пошта, се сопнал од камен и наместо да продолжи напред, се наведнал, го кренал и го понел со себе. Каменот му изгледал необично убав, па го однел дома и наскоро станал опседнат со него.

Следниот ден, застанал на истото место, разгледал наоколу и видел дека тука има уште убави камења кои почнал да ги собира, без да знае дека тие ќе станат темел за неговото животно дело.

Шевал овие камења го потсетувале на сонот кој го имал како дете, во кој изградил дворец од истиот камен кој го пронашол на патот – и еден ден, одлучил да го оствари. Направил палата инспирирана од приказните од Библијата, во стил на арапската и алжираската архитектура.

По 34 години, околу 65.000 часа работа и секојдневно собирање камења од својот пат, Шевал го остварил сонот и изградил неверојатно архитектонско ремек-дело.