Ароматичен млад компир со печурки – Ручек за десетка

|

Време е за ручек, па доколку немате идеја што вкусно да направите денеска, еве еден одличен предлог и рецепт за подготовка.

Подгответе млади компири за ручек. Уште кога ќе додадете печурки, вкусот ќе биде фантастичен

Состојки: 1,5 кг млади компири, 200 гр печурки, две лажици путер, магдонос, сол, бибер и маслиново масло.

Подготовка: Младите компири измијте ги и исечете ги на четвртинки.

Добро измијте ги печурките и пропржете ги на путер. Во сад измешајте ситно сечкан магдонос, сол, бибер и маслиново масло.

Додадете ги младите компири и сè убаво измешајте.

Ставете ги во огноотпорен сад, а преку нив пропржените печурки. Се пече околу 45 минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете со сезонска салата.

Пријатно јадење!