Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на седницата на Советот истакна дека таа немала партија и затоа не вработувала партиски војници.
– Сакам да се изолираме од овие глупости со партиски војници бидејќи тие соопштенија десет месеци ги слушаме, а ниедно лице не е формално вработено во градот Скопје.
Јас партија немам и според тоа партиски војници не можам да вработувам. Доколку тоа било пракса порано тоа повеќе не продолжува. Ве молам ако може надминете се сите – истакна градоначалничката.
Во пресрет на локалните избори во Македонија 2021, Данела Арсовска ја истакнува својата кандитатура како независен кандидат за градоначалник на Скопје. Во брз рок го исполнува условот за кандидатура, собирајки ги потребните гласови за истата. Зад независната кандитатурата за градоначалник, добива поддршка од најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери од албанскиот политички блок Алиjанса за Албанците и Алтернатива, како и од голем број на познати скопски интелектуалци, уметници и видни граѓани.