Преку „таквото“ веќе, ма слободно барајте си пат!, изнервирано реагира професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова-Астеруд на скандалозната изјава на независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд кој од собраниската говорница денеска се закани дека во иднина „албанските општини“ сами ќе си го бараат патот кон ЕУ.
Ви ја пренесуваме нејзината реакција во целост:
Цццц… неверојатно! Преку „таквото” веќе! Ма слободно барајте си пат! Којзнае, може тоа е начинот конечно да се приземјите со тотално изместените блеф-позераи во себеперцепциите, уште повеќе со ѓон-отсуството на самокритичност и свесност за тоа како другите по Европа ве перцепираат, секако не оти така им доаѓа и без причини и основ.
Може само така конечно ќе се соочите со сопствените идентитетски карактеристики и проблеми во дворот кои во многу работи се ептен туѓо на Европа, воевропско влијание во албанското ткиво, по многу работи и антитеза на сè европско.
А и со историски и актуелни багажи, некои и сериозно загрозувачки за Европа, не само од типот на агресивен и деструктивен национализам и национал-шовинизам, туку и невиден во современи евро услови етничко-верски трибализам и трибална „чистота” (нешто мешани бракови со останатите во регионот или со другите Европјани, има такво нешто, или премногу неалбанци и каури се за албанско-муслиманскиот вкус, особено ако не сакаат да се конвертираат или ја одбиваат обврската за идните деца да бидат само со таа и таква припадност?), па поседување агенс и демографски контингент на и за исламски верски фундаментализам и политички ислам/исламизам/исламофашизам (како индикатор, колку беа и се бројките на ИСИС-приврзаници, логистика и отидени по глава на жител, а?), па цела приколица на албанска мафија по тврд клановски принцип која хара по Европа и се занимава со многу индикативни облици на криминалитет, сосе и од идентитетско-културен аспект, особено кои се таргетираат за жртви ( на пример, кои се таргетираат за жртви за трговијата со жени и присилна проституција, по кои тоа културни и верско-теократски доктринарни видувања, да не се се’ неалбанки и “каурки”, а?), па уште една приколица на (не)легална имиграција која , згора на се’, влегува и во европскиот проблем на имигрантска неинтеграција и нелојалност, па сериозни бројки кои имаат идентификација и лојалност со и кон т.н исламски свет, од Турција па натаму накај Блиски Исток, а не со Европјаните и Еврозападот. Добро, мислите дека Европјаните и Еврозападот дотолку абер си немаат ?! Французите не знаат кој им хара по Кале и Ламанш, на пример?
Всушност, како сте тргнале, зошто не одите со модифициран контрапредлог на оној на Курти, па “албанските територии” во Македонија (на пат да бидат исчистени од се’ неалбанско и се’ немуслиманско токму во пост-рамковна Македонија, секако и со ефект и на тотална себеизолација и ставање “на чист простор” на Албанците наспрема сите други Европјани кои со тоа ќе немаат никаква испреплетеност и инвестираност во нив, ма многу “паметен” пристап, нема што), да одат заедно во група со Албанија, Косово и Турција? Зошто да не, на Албанците од Македонија ќе им ставиме етничка припадност и во пасош, како што се сака за во лична карта, па а и верска, треба и на тоа да инсистирате, да ве разликува каурска Европа без никаков напор. Ете ви начин за групировка по поголема идентитетска близина, еве ви начин како да ја делите истата судбина со вашата албанско -турска група, а и на купче со Турција ЕУ да ги разреши тоа дилемите, дали земји со милиони-милиони мнозинско муслиманско население и исламски идентитет, култура, традиции , вредности , (теократска) идеологија, преферирање шеријат за правен поредок, итн., може да се вклопи во Европа, секако, без тоа да не е на штета на неа самата и на Европјаните како “каури” и каурска та култура и цивилизација. Да ви го нацртам јас одговорот, и политички, а и теренски што се исцртува заради искустватата со таквата имиграција, што само го засилува и политичкиот одговор? Остатокот од Македонија, нормално, да оди заедно во група со Србија и Црна Гора, по ист критериум на идентитетска блискост ( нели, Словени, па каури, итн.). Бива? Па, живи биле, па да видиме кој попрво ќе влезе во ЕУ. Јас се кладам на оваа втората група, и може нашироко-надолго да се доцрта и доаргументира зошто.
***
За преименување улици кои ја чествуваат храброста и жртвата на народноослободителните и антифаши бригади од време на Втора Светска Војна и НОБ во Чаир, нема што да се чудите и изненадувате, ниту треба на пратеници како овој примерок да им се фаќате на јадиците на спинот кој треба да набеди други за лошо за да го маскира своето лошо, ептен лошо. Има/ло други алтернативи за пре/именување, тоа што е избрана оваа воопшто не е случајно, ниту е без (историска) генеза и значење. Одете назад и освежете или надополнете знаења од историја, поглавјето за балистите, како и поглавјето за позицинирањето и односите на исламско/муслиманскиот свет наспрема Мусолини/еврофашизмот и Хитлер/евронацизмот, и како тоа се манифестирало и на Балканот, вклучително и во Македонија, вклучително и меѓу Албанците. Така ќе ви стане појасно зошто баш таквите улици се преименуваат, зошто се нема/ло индентификација со тоа, ниту пак се третира/ло со вообичаениот минимум на уважување како за заедничко европско наследство, и што тоа точно ни се’ повампирува во Чаир, во самиот главен град. Не дека и без тоа не треба да е веќе јасно. Скопје и северозападот на МК на каков град и средини почнаа да заличуваат и звучат, кај чините дека се наоѓате, во земја на нешто оригинерно европско, или небаре ви се причинува дека сте негде по турско/арапски исламско/муслимански свет, ма небаре Отоманите се вратиле? Заради кого и чие е тоа, да не е заради албанското, дотолку повеќе што турското малцинство е навистина малубројно за да биде носечки агенс за таквата трансформација што ни се угнездува и реставрира, па уште и со табуизирање што од сето тоа е сериозна антитеза и деконстукција на европското и европските карактеристики и вредности на земјата. Се разбира, ако за Албанците се применуваат истите стандарди за критичка анализа како за сите други Европјани, а не со предрасуди на помали очекувања од нив оти (пот)свесно се доживуваат како различни од сите други Европјани и објективно-субјективно се европски исклучок, последица и рецидив на нивната масовна исламизација/муслиманизација во вековите на окупацијата и колонизацијата на Отоманскиот империјален калифат.