На секои 12 години се случува конјукција на Јупитер и Нептун, а во Рибите истовремено тоа се случува многу ретко, нареден пат кога тоа ќе се случи во 2188 година.
Цел април ќе биде поволен за нас, а особено среќен ќе биде 12 април. Наредниот месец Јупитер ќе биде во Риби, а воедно ќе оствари и конекција со Нептун.
Јупитер и Нептун ќе ја задржат оваа положба со месеци, но во идеална позиција ќе бидат на 12 април.
Овој момент ќе биде единствен по тоа што овие две планети во Риби нема повторно да се најдат наредните 166 години, нареден пат тоа ќе се случи во 2188 година.
Што се случува кога се спојуваат Јупитер и Нептун и што е тоа што важи за сите знаци од зодијакот?
Оваа спиритуална космичка унија има потенцијал да ги обземе сите знаци од хороскопот и да им донесе среќа, а особено на оние кои се во хороскопскиот знак Риби. Исто така, овој астро-феномен носи експанзија на креации, добра комуникација и духовна раст.
Во астрологијата, Јупитер е планета на среќата, филозофијата и напредокот, а Нептун е планета на соништата и илузијата.
Овој период е одличен за нови идеи, препуштете се на мислите и работете на остварување на своите соништа. Луѓето кои имаат врска со уметноста ќе доживеат успех и налет на инспирација кој треба да го искористат задолжително.
Доколку сте слободни, дајте му шанса на некој за кој не сте сигурни дека е вистинската личност за вас. Во овој период се вообичаени нови љубови и познанства кои можат да траат цел живот.
Сепак, бидете внимателни! Со оглед на тоа што Нептун е планета на соништата и илузијата, постои можност премногу да фантазирате и да одлетате далеку од реалните цели и можности. Верувајте во себе и во своите мисли затоа што следи вашиот период, но секогаш имајте доза на внимателност во вас за тоа што го правите.