Во април нè очекуваат два големи астролошки настани. Тие вклучуваат усогласување на Јупитер и Нептун во Риби, како и затемнување на Сонцето за време на новата Месечина во Бик. Јупитер и Нептун ќе ја задржат оваа позиција со месеци, но во идеалната позиција ќе бидат на 12 април. Овој период е одличен за нови идеи, препуштете се на мислите и работете на остварување на вашите соништа додека универзумот ви го чува грбот.
Првото затемнување е делумно затемнување на Сонцето на 30 април во знакот на Бик. Енергијата на спојувањето на Јупитер и Нептун ќе ја чувствуваме во текот на целиот месец, а тоа е феномен кој се случува еднаш во животот!
Ваквите денови ќе се повторат дури во 2188 година, а ни помагаат да го подигнеме нивото на свест, чувство, љубов, исцелување…
Погледнете го астро календарот за остатокот од април:
12 април: Спој на Јупитер и Нептун во Риби: овој духовен космички сојуз има потенцијал да ги осветли сите знаци на Зодијакот и да донесе среќа, но само внимавајте да не ве занесат лажни илузии.
14 април: Спој на Сонцето и Ерида во Овен – останете на земјата, не правете нешто што не ви се допаѓа, овие денови нè челичат.
16 април: Полна месечина во Вага – ни дава поддршка и не ослободува од туѓата контрола.
19 април: Започнува владеење на Биковите, ќе се грижиме за себе и стануваме вистински хедонисти.
28 април: Спој на Венера и Нептун во Риби – среќа во љубовта, романса, позитивна енергија.
29 април: Ретрограден Плутон – време е да ги завршите обврските.
30 април: Млада Месечина во Бик, затемнувањето на Сонцето – нови можности, нови врати, нови прилики.