Стариот рекорд од 1980 година изнесуваше 56.49 секунди и беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска.
Атлетичарката Дрита Ислами имаше добар настап на трката на 400 метри на првенството на Бугарија во сала, при што успеа да урне државен рекорд стар 40 години. Во дисциплината 400 метри Дрита Ислами оствари резултат од 56.35 секунди.
Во својот настап на Националното првенство кое се одржуваше викендов во Бугарија успеа да го урне рекордот кој е стар дури 40 години.