Аудиција за прв пат во Лондон: Саша Поповиќ ќе оценува кандидати за „Ѕвездите на Гранд“ од Велика Британија

ИЗВОРНов Лист
|

За прв пат откако постои натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи аудиција за идни пејачи во Велика Британија. Најголемото телевизиско шоу за млади таленти на регионов,распишан е конкурс за аудиција, чиј победник автоматски добива „златна карта“, што му овозможува да се натпреварува во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во септември.

Кандидатите во филмско студио во Лондон ќе ги оценува Саша Поповиќ, еден од судиите кој е од почетокот на шоуто, како и Александар Милиќ Мили.

Овој потег се толкува како поттик за поголем рејтинг на „Ѕвездите на Гранд“ надвор од регионот. Да потсетиме, „Ѕвездите на Гранд“ ги лансираше, меѓу другите, Милица Тодоровиќ, Милан Станковиќ, Славица Ќуктераш, Тања Савиќ, Милица Павловиќ… Интересно е што во „Ѕвездите на Гранд“ досега победиле повеќе натпреварувачи од Босна и Херцеговина отколку од Србија.