Ѓоковиќ поднесе жалба на одлуката на Владата на Австралија да го депортира од земјата, а рочиштето е во недела навечер.
Точно на полноќ започнува сослушувањето на Новак Ѓоковиќ.
Австралиската влада објави одговор на 13 страници и ги издвојуваме двете најважни ставки.
– Не постои јасно правило или сигурност дека странец може да влезе во Австралија. Има критериуми според кои ние го одобруваме и имаме свои причини за одбивање виза. Никој не го уверувал лицето дека ќе му биде прифатено медицинското ослободување – стои во одговорот.
Најважната ставка е следново:
– Доколку судот донесе одлука обвинетиот да биде ослободен, ние сепак можеме да го ставиме во притвор, без разлика на одлуката на судот. Одлуката на судот да го ослободи не гарантира дека властите нема повторно да го приведат.