Авиокомпаниите со двегодишна загуба од 157 милијарди долари

ИЗВОРНов Лист
|

Авиокомпаниите, оваа и следната година би можеле да претрпат загуби во износ од 157 милијарди долари, соопштуваат од Меѓународното здружение за воздушен превоз ИАТА, проценуваат и дека бројот на патници годинава ќе се намали на 1,8 милијарди од ланските 4,5 милијарди.

Во Извештајот кој го издадоа од ИАТА, се проценува дека потрошувачката во воздушниот сообраќај годинава ќе падне на 340 милијарди долари, што е за 61,2 проценти помалку од 2019 година.

Експертите на ИАТА сметаат дека, поради кризата, авиокомпаниите може да претрпат загуба од 118,5 милијарди долари оваа година, и 38,7 милијарди долари следната година, што би претставувало вкупна загуба од 157 милијарди долари.

Се наведува дека трошењето во авиосообраќајот во текот на 2021 година треба да се зголеми за 40,1 процент во споредба со 2020 година и да достигне 476 милијарди долари.

Во јунскиот извештај за изгледите во воздушниот транспорт, ИАТА процени двегодишна загуба од 100 милијарди долари.