Авионот „IndiGo“, кој летал од Мадурај до Мумбај, изгубил еден од двата мотори, но безбедно стигнал до целта.
Станува збор за „Airbus A321 (VT-IUJ)“ чиј мотор „Pratt & Whitney (PW)“ престанал да работи за време на летот. Со оглед на фактот дека авионите со два мотори можат да слетаат со еден во функција, авионот „IndiGo“ безбедно слета на аеродромот во Мумбај.
Компанијата соопшти дека имало технички дефект пред слетувањето и било испратено извинување до патниците.
Речиси 40 авиони на компанијата „IndiGo“ се приземјени со месеци поради дефекти на овие мотори и неможноста на производителот да испорача за замена.
На аеродромот во Делхи се сместени 52 авиони на „IndiGo“ и „GoAir“, кои исто така се приземјени со месеци, што доведе до проблеми со паркирањето пред претстојниот мега настан во градот, Самитот на Г20, на 9 и 10 септември. Поради ова, од компаниите е побарано да го намалат бројот на летови за да користат помалку авиони на аеродромот „IGI“ и со тоа да направат повеќе простор за ВИП авионите на светските лидери.