|
На 03.09.2023 околу 19.20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, во близина на с.Мамудовци, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ.(56) од с.Стрелци, излетало од патот.
-Во несреќата, возачот Н.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Н.Џ.(64) од с.Гарани се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.