Автомобил излета од пат, тешко повреден сопатник

|

На 04.07.2023 во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, помеѓу с.Босилово и с.Турново, патничко возило „опел мерива“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(21) од с.Ново Село, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(51) од с.Ново Село, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.