|
На 19.10.2023 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(42) од Скопје, удрило во Б.Г.(86) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Г. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.