На 05.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото, информира МВР.
По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Исто така на 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид.
-Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.