Тешко се одвива сообраќајот на автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод, алармираа многу возачите како на социјалните мрежи, така и до редакцијата на Телма.
Возачите кои патуваат по оваа делница апелираат да не тргнуваат на пат или доколку мора да патуваат задолжително да си ги стават синџирите на гумите. Од штипската подружница на ЈП „Македонија пат“ велат дека нивните машини чистат до клучката кај Преод, додека делот од автопатската делница, каде што паѓа снег е под надлежност на скопскта подружница.
На делот каде што се надлежни од штипската подружница на автопатот веќе се излезени возила за расчистување на снегот, а коловозот се посипува со сол и ризла. На терен се неколку возила, бидејќи врнежи од снег има и на експресниот пат Штип-Велес.