Баба Мара има 99 години и е здрава како дрен: Да не сум била паметна, веќе немаше да бидам тука

ИЗВОРСкопје24
|

Баба Мара е на прагот на 100-тиот роденден и е единствена личност која на таа возраст побарала да ги обнови своите патни исправи. Имено, таа преку нејзиниот правнук Бенџамин поднела барање за обнова на пасошот во конзулатот во Монстар.

-Во конзулатот ни ракоа дека до сега никој не поднел вакво барање за обнова на пасош на нејзини годи. Најпрвин тоа им беше необично затоа што има многу млади кои што не ги обновуваат патните исправи, раскажува нејзиниот правнук Бенџамин.

Тој додава дека при подигањето на пасошот баба Мара на службениците им се обратила со зборовите: „Се гледаме во 2028 година“.

Кога ќе ја прашате баба мара колку години има, таа само ќе ви се насмее. Во официјалните документи таа е заведена дека е родена во 1921 година, но комшиите тврдат дека таа е родена во 1919. Имено, кога се родила баба Мара децата ги пријавувале кога ќе можеле, така што и таквата теорија не се исклучува.

Инаку, животот на оваа бобичка и воопшто не и бил лесен. На четири години остана без мајка, а на 24 и без сопругот, има една ќерка, две внучиња, два превнуци и едно пра-парвнуче. Преживеала две војни, се грижела са свекрва и, ја израснала ќерката која денеска живее во Германија.

На прашањето, што ќе и е пасош на овие години, таа одговорила дека со него е полесно да ја преминеш границата и дека ќе оди да ја посети нејзината ќерка во Германија.