Баба Марија по 34 години пауза вчера 8 Март го одбележа свечено (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Фала многу, фала од срце, до сите кои денеска ме посетија и ми донесоа цвеќе. Господ здравје да им дава, да ги чува од лошо“,изјави баба Марија …

Овие зборови на искрена благодарност и благослов, баба Марија вчера ги упати кон Борче, Ангел и Душица и кон останатите сограгани, кои од утрината доаѓаат во нејзината трошна куќарка во Ново Село. Трогнати од емитуваната сторија на Тв Стар во вестите, за несреќната судбина на баба Марија, побрзаа со единствена цел. И таа, овој ден да го почувствува како посебен, а не како во изминатите 34 години, само обично катадневие. Со цвеќе и пригодни осмомартовски подароци добронамерните штипјани измамија насмевка кај 86 годишната старица.

„Бескрајно сум среќна денеска. После толку децении, исполни ми се желбата, некој на овај ден да ме сети, да ми честита празник. Навистина, искрена благодарност до сите млои сограгани кои ме направија среќна денеска“, дополни баба Марија

Задоволството да се усреќи човек, тогаш кога е најпотребно нашите сограгани не го криеа и пред микрофонот на Тв Стар

„Вчера ја изгледавме вашата сторија, вашиот прилог за злата судбина на баба Марија, која е заборавена од сите и, искрено не трогна емитовно. Затоа денеска сме тука ние како ГДУ со мало внимание со цвеќе и други осмомартовски подароци, да ја усреќиме баба Марија. Среќа и насмевка чекана од нејзе со децении, денеска видовме на нејзиното лице. Тоа за нас беше нешто нај…нај“, изјави Борче Пачемски – ГДУ

„Сакам да и се заблагодарам на Тв Стар, за нивната инвентивност да ги пронајдат случаите на наши сограгани кои од било какви причини се заборавени од сите и од своите најблиски, а се во тешка здравствена состојба. Благодарение на ТВ Стар може да превземеме нешто и тие луге да ги усреќиме. Секој го има правото да биде среќен макар и за момент. Ние како ХЦ Оаза сме тука пред домот на баба Марија со цел , барем сдо пригодни подароци и посветено внимание барем овој нејзин ден да и го разубавиме“, изјави Ангел Панов – ХЦ Оаза Штип

Денешниот гест на штипјани, честитајќи го Осми март на баба Марија, потврди. Потребно е сосем малку да се стори за да се усреќи нечија душа. Но, овој е мегу ретките примери, чија осаменост излезе од сенката на анонимноста. Како баба Марија во Штип има мноштво жени, за кои и е потребно да се посвети сосем мало, но вредно внимание и почит. Тв Стар секогаш е подготвен и на тие жени да помогне. Подготвен е да ги подсети сограганите дека секој од нас заслужува свои пет минути, а не, како пластичното цвеќе од покојниот сопруг на старицата од нашата приказна да е нем подсетник за толку посакуваните среќни моменти во животот, чекани со децении…