Почна месец Март, женскиот месец со многу пресврти. Така ќе биде и овој месец.
Ова е временската според Accuweather:
И познатиот метеоролог Славчо Попоски излезе со своја анализа на времето во месец март, еве што тој предвидува:
Со новиот месец, месец март почнува и климатолошката пролет кај нас а тоа значи дека сме се поблиску до оние прекрасни пролетни денови, првите денови од новиот месец ќе бидат навистина пролетни гледани по температурите на воздухот а времето ќе биде претежно стабилно и суво време со исклучок на сабота кога има услови за слаб локален дожд и снег само на највисоките планински места, утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
За време на викендот пак максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени во сабота и од 9 до 17 во недела што значи пролетното топло време ќе продолжи и понатаму, исто така и следната недела ќе биде релативно топла кога максималните дневни температури на воздухот во најтоплите региони од државава ќе се искачат над 20 степени.
Гледано пак по температурите месец март во државава ќе биде малку потопол од вообичаеното што значи може д аочекуваме денови со пролетни температури, врнежите би биле пак под просекот што значи би имало помалку врнежи иако и покрај ова не се исклучува можноста и за циклонски системи кој би условиле поинтензивни врнежи, ние секако навремено ќе ве информираме за секоја ново настаната временска состојба понатаму.