Жена на возраст од 67 години скокнала во бунар длабок осум метри на островот Крф за да ја спаси својата четиригодишна внука која паднала во него.
Според информациите од Екатеимерини, и бабата и внуката се добро и не се повр едени.
Бабата забележала дека нејзината внука паднала во бунарот и веднаш скокнала и се втурнала во два метри длабоката вода на дното за да ја спаси.
За среќа, брзата помош со помош на специјални алатки ги извлекла бабата и внуката и ги префрлила во болница.